Папата Франциско побара да запрат злосторствата во Ирак

Од:

Папата Франциско денеска ја повика меѓународната заедница да пронајде политичко решение за да „запрат злосторствата“ врз припадниците на христијанското и другите малцинства во Ирак.

Во остро интонираната порака во текот на неделното обраќање до верниците во Ватикан, поглаварот на Римокатоличката црква наведе дека вестите од Ирак предизвикуваат  „неверување“, пренесоа американските медиуми.

-Повеќе илјади ллица, вклучувајќи ги и христијаните, брутално се протерани од своите домови, децата умираат од жед во текот на бегството, а жените се грабнувани, рече папата.

Пратеникот на папата, Фернандо Филони, ватиканскиот амбасадор во Багдад од времето на ирачката војна, во понеделник ќе отпатува во оваа земја да ја искаже солидарноста со христијаните, загрозени од офанзивата на исламската екстремистичка група „Исламска држава“ (ИД).

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак