Папата Франциско од авион упати порака за прогрес на Кина

Од:

Папата Франциско, кој од денеска се наоѓа во официјална посета на Јужна Кореја, од авионот кога ја прелетувал територијата на Кина, упати порака до кинеските лидери и кинескиот народ во која им посака „среќа и прогрес“.

Медиумите од овој дел на светот пренесуваат дека Франциско е првиот папа на кој Кина му дозволи авионот со кој лета да ја прелета кинеската територија на патот кон Сеул. Во 1989 година, кога папата Јован Павле Втори патуваше за Сеул, кинеските власти не одобрија авионот да прелетува преку кинескиот воздушен простор.

Посетата на поглаварот на Католичката црква на Јужна Кореја има третман на престој кој се дава на највисоките државници.

Јужна Кореја, позната како економско чудо кое во неполни пет децении стана трета економска сила во Азија, е позната и по тоа што над половина од 50 милиони нејзини жители се христијани. Најголемиот број од нив се протестанти, но во последната деценија нагло расте и бројот на католиците.

Прецизната јужнокорејанската статистика бележи дека во последниве десет години бројот на крштевки со католички обред се зголемува за 12 отсто годишно.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски