Папата Франциско назначи доверлив прелат за надзорник на Ватиканската банка

Од:

Папата Франциско го направи првиот голем чекор за реформирање на Банката на Ватикан, определувајќи доверлив прелат да го надгледува нејзиното раководење, пренесуваат американсиките медиуми.

Франциско денеска го назначи монсењор Батиста Марио Салваторе Рика за привремен прелат во Институтот за религиозни дејности (ИРД), попознат уште и како Банката на Ватикан.

Ова е клучна функција, што е слободна уште од 2011 година. Прелатот ја надгледува активноста на банката, учествува во собранијата на нејзиниот Управен совет и има достап до целата нејзина документација. Тој ја известува комисијата на кардиналите, предводена од вториот човек во Ватикан, кои го раководат Институтот.

Во пракса тоа на прелатот му дава директна врска со папата. Непосредно пред да се повлече папата Бенедикт Шеснаесетти го назначи германскиот аристократ и финансиер Ернст фон Фрајберг за претседател на ИРД. Тој изјави дека главниот проблем на банката е нејзината репутација, а не некакви оперативни слабости.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска