Папата Франциско ја прими Ангела Меркел во приватна аудиенција

Од:

Папата Франциско денеска ја прими германската канцеларка Ангела Меркел во приватна аудиенција, пренесоа светските агенции.

Ватикан не даде никава друга информација за посетата, пред сње, заради нејзиниот неофицијален карактер, посочуваат француските медиуми.

Меркел на средбата беше придружена од петнаесетчлена делегација, во која беа и нејзиниот портпарол Штефен Зајберт и нејзиниот советник за европски прашања Николаус Мајер-Ландрут.

-Имав задоволство да го изложам дневниот ред на германското  претседателство со Г-7. Како што можеше да се очекува, ова беше еден многу соддржаен разговор, изјави Меркел по завршувањето на 40-минутната аудиенција, цитирана од ДПА.

Главни теми на средбата беа светските кризи, со посебен акцент на конфликтот во Украина и германското ротациско претседателство со
групата на седум индустриски најразвиени земји.

Папата Франциско и Меркел разговарале и за борбата со сиромаштијата, еднаквоста и улогата на жените во земјите во развој. 

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори