Папата Франциско ја поздрави „храбрата посветеност“ на лидерите на Северна и Јужна Кореја

Од:

Папата Франциско денеска ја поздрави „храбрата посветеност“ на лидерите на Северна и Јужна Кореја и нивната цел да „создадат пат за искрен дијалог на Корејскиот полуостров ослободен од нуклеарно оружје“.

Папата во обраќањето до верниците на плоштадот „Свети Петар“ рече дека се „моли за позитивен резултат“ од одржаниот состанок на лидерите на двете кореи.

Тој додаде дека надежта за мир во иднината „нема да биде изневерена“ и дека соработката ќе продолжи за доброто на корејскиот народ и на целиот свет.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – ун изјави за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае – ин дека ќе го затвори теренот за нуклеарни проби во својата земја во мај, пред очите на целиот свет, соопшти денеска кабинетот на Мун.

Севернокорејските државни медиуми за време на самитот одржан во петокот јавија дека Пјонгџанг веднаш ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби, ќе ја затвори локацијата за нуклеарни тестирања и наместо тоа ќе работи на економски развој и мир.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја