Папата Франциско го упати традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“

Од:

Папата Франциско денеска од главната ложа на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан го упати традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“ (на латински: „Кон градот (Рим) и кон светот“).

Пораката се упатува на Божик, Великден и за време на други свечени поводи. Тоа е првиот благослов, што го кажува секој новоизбран папа, а формулацијата се користи и во некои официјални документи за да се истакне нивното прогласување низ сите краеви на светот.

Текстот на благословот е само на латински и ја соддржи формулата за привремено простување на сите гревови на присутните на плоштадот „Свети Петар“, како и на оние кои благословот го примаат преку медиумите.

– Нека Светите апостоли Петар и Павле, на чија власт ние се потпираме, се заложат за нас пред Бога. Преку молитвите и заслугите на секогаш блажената Богородица, на блажениот Свети архангел Михаил, на блажениот Јован Крстител, на светите апостоли Петар и Павле и на сите светци, нека Семоќниот Бог се смилува над Вас и Ви ги прости сите гревови, а Исус Христос Ве изведе до вечниот живот, порача папата.

– Семоќниот и милослив Бог да Ви дозволи уживање, простување и помилување за сите Ваши гревови, (да Ви даде) период на искрено и плодотворно покајување, секогаш каејќи се од срце и промени во животот, милоста и совеста на Светиот Дух, како и непроментиот напор во добрите дела, нагласи понтифот во пораката.

– Нека благословот на семоќниот Бог, Отец, Син и Свет Дух се спуштат над Вас и засекогаш да бидат со Вас, гласи папскиот благослов, шри што секој ред од него завршува со „Амин“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска