Папата Франциск вети добри односи меѓу католиците и евреите

Од:

Папата Франциск испрати соопштение до еврејската заедница во Рим, во кое изрази надеж дека ќе може да придонесе за развој на добрите односи меѓу католиците и евреите.

Новиот папа му испрати писмо на главниот рабин на Рим Рикардо Ди Сени и го покани на инаугуралната миса во Ватикан на 19 март.

– Искрено се надевам дека ќе можам да придонесам за напредок, кој ќе овозможи добри односи меѓу евреите и католиците од Вториот ватикански собир, се додава во изјавата на поглаварот на Римокатоличката црква.

Односите меѓу католиците и евреите суштински се подобрија по Вториот ватикански собир (1962-1965), на кој се отфрли ставот за колективна вина на евреите за смртта на Исус Христос, при што се повика на дијалог меѓу сите религии.

Еврејската заедница во Рим е најстара од дијаспората и има водечка улога во односите меѓу евреите и католиците во светот.

Еврејските организации ширум светот го поздравија изборот на Франциск, кој одржувал добри односи со еврејската заедница во Аргентина додека бил епископ на Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска