Папата Франциск предупреди дека маларијата не смее да се заборави поради коронавирусот

Од:

Папата Франциск  истакна дека поради пандемијата, не сме да се заборави борбата против маларијата „која им се заканува на милијарди луѓе во многу земји“.

– Во време кога се бориме против пандемијата на коронавирусот, не смееме да ја заборавиме ниту потребата за продолжување на ангажманот за спречување на ширењето на маларијата која им се заканува на милијарди луѓе во многу држави, рече папата по молитвата.

Тој потсети дека вчера беше одбележан Меѓународниот ден на борба против маларијата и додаде дека во мислите е со „сите болни, оние кои се грижат за нив и со сите кои се трудат секој човек да има пристап до добри темелни здравствени услуги“.

Според податоци на СЗО, во 2017 година во светот од маларија биле заразени околу 219 милиони луѓе, а од болеста починале 435.000.

Повеќе од 90 отсто од жртвите се жители на Африка.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски