Новиот папа Франциск денеска првпат им се обрати на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан и ги замоли да се молат за него.
– Ви благодарам за вашите молитви. Молете се за мене, изјави првиот папа од Јужна Америка, од прозорот на својот апартман над плоштадот.
На плоштадот Свети Петар имаше околу 150.000 верници кои го поздравија папата со развиорени знамиња на Аргентина, на Ватикан, како и на Колумбија, на Парагвај и на Мексико.
На еден транспарент пишуваше „Франциск ти си пролет на црквата“.