Папата Франциск од 2013 година живееше скромно, во гостинска куќа во Ватикан каде и почина

Од:

Цел свет тагува за смртта на папата Франциск, кој почина утрово, на вториот ден од Велигден, на 88-годишна возраст.

Од неговиот избор во 2013 година, папата Франциск живее во гостинска куќа, Куќата на Света Марта во Ватикан, недалеку од базиликата Свети Петар, каде што почина во понеделникот на Велигден. Како што изјавија извори за SkyNews, папата си заминал мирно и тивко.

Папата Франциск, за разлика од неговите претходници, одби да живее во станот подготвен за него во Апостолската палата.

Куќата на Света Марта, или Domus Sanctae Marthae на латински, резиденцијата за ноќевање на кардиналите кои доаѓаат во Рим на посета или на конклава, се наоѓа на југот на Папскaтa државa, во близина на Ватиканските градини.

Неговата одлука да не ја насели Апостолската палата се сметаше за знак на скромност, доблест што поранешниот архиепископ од Буенос Аирес отсекогаш ја почитувал. Тој рече дека се одлучил за едноставна форма на соживот со други свештеници и епископи. Тој сакаше да живее нормално со другите членови на свештенството.

Света Марта е изградена во 1884 година, но целосно е реновирана и модернизирана во 1996 година. Сега, по смртта на папата Франциск, во куќата ќе бидат сместени кардиналите кои имаат право да гласаат за неговиот наследник, а ќе биде целосно заштитена од надворешниот свет за време на конклавата во Сикстинската капела.

Папата Франциск живееше во едноставен градежен комплекс во стан од 70 квадратни метри на број 201. И покрај неговата желба да живее во близина на другите станари, домовите на папата сепак беа одвоени од другите и чувани. Имаше пристап до заедничките простории и трпезаријата за заеднички оброци.

Света Марта е структурирана како хотел, со рецепција и лоби и 120 соби за гости.

Би можело да ве интересира

Објавен e тестаментот на папата Франциск

Горан Наумовски

Се огласи Ватикан: Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост

Знамињата на јавните институции во САД се спуштени на половина копје во чест на смртта на папата Франциск

Кардиналот Фарел вечерва ќе ја води церемонијата на прогласување на смртта на папата Франциск и положување на неговото тело во ковчег

Коморникот Фарел ќе го скрши Рибарскиот прстен кој го носеше папата Франциск

Мицкоски: Папата Франциск низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија