Папата Франциск на 19 март официјално ќе биде интронизиран како нов лидер на Римокатоличката црква, соопшти портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди, цитиран од британските медиуми.
На прес конференција во Ватикан, Ломбарди, исто така, изјави дека папата Франциск му телефонирал на својот претходник, папата Бенедикт Шеснаесетти, непосредно откако беше избран и му вети дека наскоро ќе го посети.