Папата Франциск идната сабота ќе се сретне со неговиот претходник папата Бенедикт Шеснаесетти, во предвечерието на католичкиот празник Цветници, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштение на Ватикан.
Средбата ќе се оддржи во папската резиденција во Кастел Гандолфо, каде Бенедикт Шеснаесетти се осами од 28 февруари, кога се повлече од папскиот престол.
Папата Франциск ќе биде интронизиран во вторник, една недела по неговиот избор од конклавата.
Средбата меѓу двајцата папи ќе биде долго време незабележен преседан, ако се има предвид фактот дека Бенедикт Шесенаесетти беше првиот папа во последните 600 години кој се повлече од својата света должност.