По неколку децении противење на употребата на контрацептивни средства, папата конечно се предомисли и ја укина забраната за употреба на кондоми, пренесува британски „Телеграф“.
Според неговите зборови, папата ја донел оваа одлука за да се намали ризикот од ширењето на сидата.
Досега Католичката црква беше против употребата на контрацепција поради тоа што се верува дека е на тој начин човекот се меша во божјите работи и создавањето на живот.
Сепак, папата, сега вели дека употребата на презервативи со цел да се зачува животот и да се избегне смртта е одговорен чин.