Папата денеска го напушта тронот на Свети Петар во Ватикан

Од:

Папата Бенедикт Шеснаесети (85) денеска, по своја волја, ќе го напушти тронот на Свети Петар во Ватикан.

Папата претпладне ќе се прости од кардиналите, а попладне, во 17 часот, од Ватикан со хеликоптер ќе замине за Кастел Гандолфо, мало место оддалечено 25 километри од Ватикан, каде ќе го мине времето до обновувањето на самостанот Мајка Еклесија.

Неговиот понтификат официјално ќе заврши вечерва во 20 часот, кога почнува периодот на „Празно столче“.

Своите црвени папски чевли ќе ги замени со кафени и во иднина ќе носи едноставна бела свештеничка облека.

При заминување папата со себе ќе ја понесе семејната фотографија на која се тој, брат му Георг и сестра му Мариа, дрвениот крст од родната Баварија, потоа позлатениот будилник што го добил како подарок по конклавата во 2005 година, како и чинијата на која е втиснат папскиот грб.

Папата со себе ќе го понесе и столчето, што, исто така, го доби на подарок за својот 85 роденден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска