Поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис реши да го продаде својот мотоцикл „Харли Дејвидсон“, кој што во јуни го доби како подарок на прославата на 110 роденден на американскиот бренд , кога 35.000 љубители на мотори допатуваа во Рим.
Мотоциклот ќе биде продаден на аукција, а парите од продажбата ќе бидат наменети за обнова на хостелот и јавната кујна со која раководи хуманитарната организација „Каритас 3, а се наоѓа во близина на железничката станица Термини во Рим.
Папа Франсис и до сега покажуваше дека не е склон кон луксузни автомобили, па во текот на неодамнешните посети на островот Лампедуза, како и Бразил, за превоз користел автомобил од марката „фијат“, наместо „мерцедесот папамобил“, со кој се служеше неговиот претходник папата Бенедикт.
Елена Георгиевска