Папата Франциско ги осуди неодамнешните крвави напади во Сомалија, Авганистан и Њујорк и рече дека атентаторите го злоупотребуваат името на Бога за да го оправдаат своето насилство.
– Длабоко сум натажен од терористичките напади што беа извршени во последниве денови во Сомалија, Авганистан и вчера во Њујорк, изјави папата за време на молитвата по повод на Денот на сите светци.
Тој додаде дека се молел за жртвите и нивните семејства.
– Му се молам на Бога да ги смени срцата на терористите и да го ослободи светот од омразата на лудите убијци, кои го злоупотребуваат името на Господ за сеење на смртта, рече папата Франциско.