Папа Франциско: Европските лидери да не се препукуваат околу мигрантите

Од:

Папата Франциско денеска ги повика европските лидери да прекинат со препукувањата во врска со судбината на 49 мигранти „заглавени“ на два хуманитарни спасувачки брода во Средоземно море.

– Искрено ги повикувам европските лидери да покажат конкретна солидарност кон тие луѓе, рече Папата на плоштадот пред десетина илјади луѓе.

Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини излегоа со спротивставени ставови во врска со судбината на мигрантите, кои се „заглавени“ на море.

Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Ди Мајо инсистира Малта да им дозволи на мигрантите да пристигнат до нејзиниот брег, а Италија да прими десет жени и нивните деца, додека неговиот коалициски партнер и лидер на Северна лига, Матео Салвини порача дека Италија нема да прифати ниту еден мигрант.

На бродот „Си-воч 3“ (Sea-Watch 3) се наоѓаат 32 мигранти, кои на 22 декември беа спасени во близина на либиското крајбрежје, а неколку дена подоцна приватен брод спаси уште 17 мигранти на југ од Средоземно море.

Малта не дозволува мигрантите да пристигнат на нејзиниот брег и тврди дека тие се спасени надвор од областа за спасување, која не е под нејзина надлежност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска