Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Од:

Папата Франциск повикува на реформи во Организацијата на Обединетите нации, кои ги „покажаа своите ограничувања“ за време на пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина, се вели во новата книга на папата, чиј извадок денеска го објави весникот Ла Стампа.

„Кога зборуваме за мир и безбедност на глобално ниво, првата организација што ни паѓа на ум се Обединетите нации (ОН), особено Советот за безбедност. Војната во Украина уште еднаш ја изнесе во преден план потребата од сегашната мултилатерална структура да најде побрзи и поефикасни начини за решавање на конфликти“, оценува поглаварот на Римокатоличката црква..

„Во време на војна, важно е да се признае дека ни треба повеќе мултилатерализам, како и подобар мултилатерализам“, рече тој, додавајќи дека ОН, кои функционираат подеднакво од своето основање, „не соодветствуваат со новата реалност. “

„Обединетите нации беа формирани за формално да укажат на ужасите низ кои помина човештвото за време на двете војни во 20 век. Иако заканата што тие ја претставуваа сè уште постои, денешниот свет повеќе не е ист“, а меѓународните институции мора да бидат „плод на најголем можен консензус“, смета папата.

„Потребата од реформи стана повеќе од очигледна по пандемијата, за време на која сегашниот мултилатерален систем ги покажа сите свои ограничувања. На пример, кога станува збор за дистрибуцијата на вакцините… имавме еклатантен пример кој укажа дека законот на посилниот понекогаш е посилен од солидарноста“, рече тој.

Папата Франциск се залага за „органски реформи, чија цел е меѓународните организации повторно да ја откријат својата примарна функција – служење на човечкото семејство“.

Папата е застапник на „целосната безбедност“ која е гаранција за сите права (правото на храна, на здравствени, економски и социјални услуги) и смета дека меѓународните институции треба да ги носат своите одлуки во согласност со нив.

Книгата на папата „Те молам во името на Бога. Десет молитви за иднината на надежта“ ќе биде објавена во вторник во Италија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он