Паника во Норвешка: Најмалку 50 луѓе заразени со омикрон по прослава во ресторан

Од:

Официјални лица во Норвешка тврдат дека најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени со сојот омикрон.

Случаите се поврзани со неодамнешната предбожиќна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјалните лица.

Норвешкиот институт за јавно здравје соопшти дека засегнатите живеат во Осло и околните општини, а „тимот за откривање инфекција во Осло контактирал со засегнатите општини за да започне откривање на инфекција“.

Владината агенција соопшти дека има „висока покриеност со вакцинација“ во групата, додавајќи дека вкупно „повеќе од 50 случаи“ се регистрирани во Норвешка.

Првите два случаи во земјата беа објавени во понеделникот.

„Се очекуваат повеќе случаи. Се прави ефективно следење за да се ограничат преносните правци и да се спречат големи епидемии“, се вели во соопштението.

Градот Осло во средата ги повика луѓето кои посетиле два ресторани во главниот град да бидат тестирани.

Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот на прославата.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани