Финска би можела да стане првата земја која официјално ќе ја признае Каталонија како република, а со тој потег оваа скандинавска земја директно би се спротивставила на Европската унија, пишува лондонски „Дејли експрес“.
Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, најави дека финскиот парламент ќе поднесе предлог да се признае новата држава.
Карна, кој е член на владеачката партија на Финска вчера ја честиташе независноста на Каталонија.
Доколку Финска официјално ја признае Каталонија како нова држава тоа би бил уште еден удар за ЕУ, која силно ја поддржи единствената шпанска држава.
– Доколку Финска ја признае Каталонија, со тоа би се спротивставила на Европската унија и нејзиното протовење да го признае новиот статус на регионот, пишува „Дејли експрес“.
Шкотската влада исто така испрати порака на поддршка, наведувајќи дека Каталонија мора да има право да ја одреди сопствената иднина.
Шкотската влада соопшти дека го почитува и разбира ставот на каталонската влада, а централната влада во Шпанија ја искритикува поради одбивањето на дијалог.
„Дејли експрес“ пишува дека и Аргентина би можела формално да ја признае Република Каталонија.
Пратеникот од аргентинските социјалисти Хуан Карлос Џордано, кој е пратеник од провицнијата на Буенос Аирес, рече дека во парламентот ќе поднесе предлог за јужноамериканската земја да ја признае Каталонија.