Панета во кинеската поморска база Кингдао

Од:

Американскиот министер за одбрана Леон Панета пристигна во кинеската поморска база Кингдао,што претставува прва посета на еден шеф на Пентагон, во склоп на безбедносните разговори помеѓу Соединетите Држави и Кина.

Кинеската воена морнарица најави дека на амариканскскиот министер за одбрана,кој е во официјална посета на Кина од вчера,ке му покаже една од своите најнови фрегати и една дизелска подморница. Во големото пристаниште Кингдао е сместен и генералштабот на севернокинеската флота.

Оваа посета се случува еден ден по конференцијата која Панета ја одржа во воената академија во Пекинг, каде гарантираше дека новата воена стратегија на Вашингтон,во која Азија е приоритет,не е усмерена на зауздување на развојот на Кина, туку проширување на нејзината улога.

Модернизацијата на кинеската воена флота,вклучувајќи и подморници,предизвикува внимание на стратезите во Пентагон и Конгресот,кои се загрижени од напорите на Кина за производство на балистички и крстаречки ракети, кои би можеле да представуваат закана на поморските и воздушните сили на Пацификот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија