Пандемијата нема да заврши ако нема рамноправен пристап до вакцини

Од:

Вакцините против Ковид-19 нема да ја запрат пандемијата ако сите земји во светот на добијат доволно дози предупредија денеска група експерти во отворено писмо објавено во реномираниот медицински магазин Лансет.

Во време во кое повеќе земји планираат воведување пасош за вакцини пред да бидат нормализирани меѓународните патувања авторите на писмото оценуваат дека акумулацијата на вакцини кај најбогатите земји е ризик за продолжување на здравствената криза.

Поради „вакциналниот национализам“, Ковакс, програмата на ОН за распоредување на антиковид вакцините во сиромашните земји би можел да се соочи со недостаток на вакцини повеќе години.

„Гола вистина е дека на светот вакцините против Ковид-19 му се потребни како никоја друга вакцина досега за да се вакцинираат доволен број луѓе со што би се постигнал колективен имунитет“ – вели главниот автор на писмото, Оливие Ваутерс од Лондонската школа за економија и политички науки.

„Ако вакцините не бидат рамноправно распределени би можело да поминат години пред коронавирусот да биде под контрола на светско ниво“ – вели Ваутерс.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски