Пандемијата на Ковид-19 ја чинела Данска повеќе од 16 милијарди евра

Од:

Од почетокот на пандемијата до првиот квартал на 2022 година, за борба против Ковид-19 Данска потрошила околу 16,1 милијарди буџетски евра, се посочува во извештајот објавен од Данската државна агенција за статистика.

Потрошените пари за здравствените установи што ги покриваа трошоците за вакцинација, тестирање и лекување, сочинуваат 28 отсто од таа сума. Пакетите за економска поддршка учествуваат со 68 отсто во тие расходи.

Во споредба со другите земји, Данска со своите шест милиони жители, во голема мера се потпираше врз тестирање во раните фази на пандемијата. Тие тестови на крајот чинат околу 2,3 милијарди евра или повеќе од половина од парите потрошени за здравството. Програмата за вакцинација чинеше околу 873 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари