Пандемијата ја редуцира прославата на Денот на Бастилја во Париз

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на церемонијата на одбележување на 14 јули, Денот на Бастилја, што ќе се одржи во намален обем поради пандемијата на коронавирусот.

Претседателот ќе се обрати и до нацијата во ретко телевизиско интервју, поради зголемената загриженост за појавата на втор бран на заразата.

За првпат од 1945 година француските власти ја откажаа воената парада, што секоја година се одржува на 14 јули на Елисејските полиња, во знак на сеќавање на падот на Бастилја што го означи почетокот на Француската револуција.

Место тоа, околу 2.000 војници, што е половината од вообичаениот број, ќе се соберат на плоштадот Конкорд во Париз, пренесува лондонски Гардијан.

Истакнати медицински експерти неделава повикаа на воведување задолжително носење маски во затворен простор, додека властите предупредуваат дека вирусот се чини дека побрзо се шири во некои области, бидејќи луѓето се релаксираат поради летните одмори.

И покрај ветените милијарди евра за намалување на економските штети од пандемијата, останува прашањето како владата ќе може да го засили закрепнувањето од рецесијата, што се очекува да доведе до загуба на работни места за стотици илјади работници.

Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата воп Францијуа биле заразени со коронавирус над 172.000 лица, додека повеќе од 30.000 умреле.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано