Панамските власти извршија претрес во зградата на „Мосак Фонсека“

Од:

Панамските власти синоќа извршија претрес во зградата користена од „Мосак Фонсека“, правната фирма која е во центарот на скандалот со истечените податоци за офшор компании.

Запленети се мноштво докази, откриени при претресот, изјави обвинителот Хавиер Карабало. Меѓу доказите се и многу документи, исечени со машини за уништување.

Околу 11,5 милиони документи, истечени од „Мосак Фонсека“, го открија непознатиот свет на офшор компаниите. Фирмата, која регистрира офшор компании, наведува дека не нарушила никакви закони, не уништувала документи и сите дејствија и биле законски.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска