„Панамските документи“ објавени на интернет

Од:

Меѓународниот конзорциум на новинари објави на интернет дел од Панамските документи.

Милионите „Панамски документи“ предизвикаа огромен скандал поради истечените информации за прикривањето приходи во светски рамки.

Базата на податоци содржи информации за над 200 компании, конзорциуми и фондации, регистрирани во 21 даночни раеви, од „Хонгконг до американската држава Невада“, наведе во соопштение организацијата, со седиште во Вашингтон.

Од почетокот на април, откритијата на „Панамските документи“ предизвикаа голем број истраги во светот и доведоа до оставка на премиерот на Исланд и на шпански министер.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска