Панама заплени севернокорејски брод што од Куба испловил со делови за ракети

Од:

Панама заплени севернокорејски брод што доаѓал од Куба, носејќи „непријавен воен товар“, сопшти синоќа панамскиот претседател Рикардо Мартинели.

Тој за националното радио изјави дека панамските власти првично се посомневале дека бродот пренесува наркотици, но при претресот на пловилото, што официјално превезувало шеќер, биле откриени контејнери со современи делови за ракети.

Кога пристигнала панамската полиција, капетанот на бродот се обидел да се самоубие и членовите на екипажот се побуниле.

Мартинели на Твитер објави слика на зелен цевкаст предмет во контејнер за кој тврди дека е дел за ракета.

Испораките на компоненти за севернокорејската нуклеарна и ракетна програма се забранети во согласност со меѓународните санкции воведени кон Северна Кореја од страна на Советот за безбедност на ОН, по нуклеарните и ракетни проби што ги изврши оваа изолирана комунистичка држава.

Заедно со Кина, Куба е една од малкуте преостанати сојузници на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска