Палестински министер почина денеска откако го удриле и турнале израелски војници, за време на протести на окупираниот Западен Брег, изјавија лекари и фотограф на Ројтерс, кој го видел инцидентот, пренесе Танјуг.
Зиад Абу Еин, министер без ресор, бил однесен со брза помош од местото на судирите во селото Турмусија, но починал на патот до блискиот палестински град Рамала.