Арпските лидери денеска во Јордан присуствуваат на годишниот Самит, каде централна тема е апелот за прифаќање на палестинската државност.
Се очекува дека на денешниот Самит ќе бидат поддржани клучните палестински позиции и оти ќе се испрати сигнал до американскиот претседател Доналд Трамп, пред состанокот во Белата куќа со лидерите на Египет и Јордан, дека на договорот за палестинската државност мора да му претходи нормализација на односите меѓу Израел и Арапите.
Палестинското прашање исто така е тест и за арапското единство во поделениот регион, каде лидерите често се наоѓаат на спротивствани страни во долготрајните судири.
Сирискиот претседател Башар ал Асад не присуствува на денешниот состанок.