Палестиниците прифатија ново тридневно примије во Газа

Од:

Палестинските преговарачи во Каиро изјавија дека го прифаќаат египетскиот предлог за нов тридневен прекин на огнот со Израел, со што ќе се отвори патот за обнова на индиректните преговори за долготрајно примирје во Појасот Газа.

Палестинските преговарачи, кои ги претставуваат различни палестински фракции, изјавата ја дале под услов да останат анонимни, бидејќи нивната изјава се однесува на чувствителните преговори, пренесоа американските медиуми.

Израелската делегација во петокот ги напушти преговорите, пред истекот на претходниот тридневен прекин на огнот, истакнувајќи дека нема да преговора додека трае ракетирањето на Израел од Газа.

Израелската страна ги обвини палестинските екстремисти дека истрелале гранати врз Израел пред истекот на примирјето, во  петокот во 8 часот утрината. После тоа  беше продолжено прекуграничното ракетирање и израелските одмазднички напади од воздух, иако со намалена жестина.

Во судирот што почна на 8 јули досега погинаа повеќе од 1.900 Палестинци и 67 лица на израелска страна.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации