Палестинците запалија еврејско свето место на Западниот Брег

Од:

Палестинските радикали запалија ја синоќа со молотови коктели третата по значење еврејска светиња, гробницата на библискиот патријарх Јосиф, која се наоѓа во близина на бегалскиот камп Балат, покрај градот Наблус на Западниот Бре, изјави портпаролот на израелската армија Петер Лернер.

– Палестинците синоќа ја опожарија гробницата на Јосиф, овој вознемирувачки акт е насочен против вредностите како слободата на вероисповест и слободното практикување на верски обреди, рече Лернер.

Тој увери дека израелската армија ќе побара одговорност од виновниците и ќе ја обнови светињата.

Според израелските медиуми во пожарот нема настрадани, но гробницата е оштетена.

Палестинската полиција и израелската армија соопштија дека е предизвикана значителна штета.

Територијата околу гробницата на патријархот падна под административна и воена контрола на палестинските власти на почеокот на ’90-те години од минатиот век. Израелските сили го напуштија регионот во 2000 година по почетокотна втората палестинска интифада.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски