Палестниците денеска ги поднесоа документите во Обединетите нации за присоединување кон Меѓународниот кривичен суд, со што ќе можат да поднесат обвинение за воени злосторства против Израел.
Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур му ги предаде документите на помошникот на генералниот секретар на ОН по правни прашања Стивен Матиас.
Палестина е само набљудувач во Меѓународниот кривичен суд. Предавањето на документите е последниот формален чекор кон членство во Меѓународниот кривичен суд.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги потпиша документите откако Советот за безбедност на ОН не ја изгласа резолуцијата за определување на тригодишен рок за воспоставување на палестинска држава во окупираните територии од страна на Израел.