Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Од:

Желбата за формирање палестинска држава „во овој момент не е реална“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар на прес-конференција одржана во Ерусалим.

„Дали да ви одговорам со еден збор? Не“, одговори Саар, на прашањето за изгледите за рестартирање на т.н. Абрахамски договори по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и можноста за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија во замена за создавање палестинска држава.

Споменатите договори, кои ги промовираше Трамп за време на неговиот прв мандат, овозможија нормализирање на односите меѓу Израел и неколку арапски земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Мароко.

„Палестинска држава би била држава на Хамас. И мислам дека таков проект денес не е реален, и ние мора да бидеме реални“, додаде Саар.

Ова израелскиот министер го изјави во говорот одржан по повод почетокот на вонредниот самит во Ријад на членките на Арапската лига, панарапска организација која собира 22 земји и Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), панисламска организација која собира повеќе од 50 муслимански земји.

Според официјалната саудиска новинска агенција SPA, учесниците на самитот ќе разговараат за „продолжувањето на израелската агресија на палестинските територии и Либан“, додека Ријад се залага за нов „меѓународен сојуз“ чија цел е промовирање на воспоставување независна и суверена палестинска држава.

Би можело да ве интересира

„Кој оди по стапките на Асад, ќе заврши како него“

А1он

Најмалку 19 Палестинци загинаа во израелските напади низ Појасот Газа

Израелските тенкови се на 20 километри од Дамаск

Сирија: Израел изврши повеќе од 100 воздушни напади денеска

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег