Палестинците вршат притисок Советот за безбедност на Обединетите нации да гласа оваа недела за резолуција со која се повикува на ставање крај на окупацијата на Израел во рок од три години.
Резолуцијата со таков рок сигурно ќе биде одбиена од СБ или поради тоа што ќе нема да ги добие потребните девет гласови „за“, што е минимумот кој се бара или поради ветото на САД, коментираат светските медиуми.
Вашингтон инсистира решавањето на деценискиот конфликт да се постигне на преговарачката маса.
Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат изјави дека нацрт-резолуцијата денеска ќе биде поднесена до СБ, а гласањето би можело да биде закажано за утре.