Движењето на талибанците во Пакистан, главна бунтовничка сила во земјата, објави денеска дека ќе ја нападне Владата и ќе ја опожари „нејзината палата“ како казна за воената офанзива преземена синоќа против неговите борци во северозападниот дел на земјата.
Во соопштението пакистанските талибанци бараат исто така сите странски инвестиции, авиокомпании и меѓународни организации итно да ја напуштат земјата за да не бидат цел на напади.
Големите пакистански градови денеска се во состојба на максимална готовност заради стравувањата од напади на талибанците еден ден по новата воена офанзива против нив и нивните сојузници од Ал Каеда од Северен Вазиристан.
Мерките за безбедност се зајакнати во Исламабад, Равалпинди, Пешавар, Карачи и други.