Пакистанската армија почна копнена операција против талибанците и Ал Каеда во Северен Вазиристан, област што се наоѓа до авганистанската граница.
Пред почетокот на операцијата, на која и претходеа двонеделни воздушни бомбардирања армијата го посоветува локалното население да го напушти Северен Вазиристан. Во тој период речиси половина милион цивили го напуштија регионот.
Во локалниот главен град Мираншах, што се смета за бастион на бунтовниците, војниците претресуваат куќа по куќа.
Во првите неколку часа од операцијата, во која учествуваат тенкови, алтирерија и оклопни возила, се убиени 15 бунтовници.