Пакистанка фрлила со киселина врз маж кој не сакал да се ожени со неа.
Момил Мај од селото Мултан во централен Пакистан, имала четири деца од бракот со работник, но започнала љубовна врска со Садакат Али (24) кој бил оженет.
Момил сакала да се резведе и да се омажи со Али, за да му стане втора сопруга, но тој ја одбил неколку пати.
При последното одбивање Момил го натопила со киселина, при што Али добил изгореници на 60 проценти од телото.
Лекарите се обидуваат да го спасат.
Молим е уапсена поради извршеното дело.