Имран Али од Пакистан доби четири смртни казни поради силување и убиство на шестгодишно девојче, минатиот месец, пренесе Би-Би-Си.
Али претходно ја призна вината, а сега има рок од 15 дена во кои може да поднесе жалба за пресудата.
Телото на девојчето, Заинаб Ансари било пронајдено во отпад во градот Касур на 9-ти јануари, а убиството предизвикало низа протести и нереди ширум земјата во кои две лица го загубиле животот.
Освен тоа, Али бил поврзан и со убиства и напади на девојчиња и во други области на Пакистан.
Против него сведочеа дестина сведоци, постојат бројни докази дека го извршил делото, а неговиот адвокат се повлече од случајот кога Али ја призна вината.
Тој доби смртни казни за киднапирање, силување, убиство и тероризам, а доживотна казна затвор за содомија.
Би-би-си наведе дека на изрекувањето на пресудата имало зголемени мерки за безбедност,а присуствувал и таткото на жртвата.