Пакистан денеска изврши успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел, која може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави.
Според армијата, ракетата Шахин 1А, позната и како Хатф-4, има дострел од 900 километри. Тоа е второ тестирање за помалку од една недела.
Во четвртокот пакистанската армија изврши успешен тест на ракета со дострел од 1.500 километри.
Според ДПА, ваквите зачестени ракетни тестирања укажуваат на засилување на натпреварот во вооружувањето меѓу Пакистан и Индија.