Судот во Карачи, град во јужниот дел на Пакистан, донесе одлука владата во рок од 15 дена да ја укине забраната за патување на поренешниот претседател Первез Мушараф.
– Судот ја прифати нашата жалба и наложи името на Мушараф да се тргне од контролната листа за излез. Одлуката ќе биде извршена за 15 дена, изјави адвокатот на поранешниот претседател Фарог Нашим.
Според Насим во рок од 15 дена, владата има право да поднесе жалба пред виш суд.
Мушараф (70) бара да му биде тргната забраната за патување со цел да може да ја посети болната мајка во Дубаи.