Пакистан се соочува со уставна криза

Од:

Врховниот суд на Пакистан ќе се состане денеска за да одлучи за судбината на премиерот Имран Кан, откако неговата партија го блокираше гласањето за недоверба и тој го распушти Парламентот во ненадеен потег за да го спречи неговото соборување.

Поранешната крикет ѕвезда Кан го загуби своето мнозинство во Парламентот минатата недела, а тој вчера се соочи со предлог за недоверба поднесен од опозицијата.

Но, заменик-претседателот на Парламентот, член на партијата на Кан, го блокираше предлогот што се очекуваше да биде политички погубен за Кан, оценувајќи дека е дел од странски заговор и неуставен.

Тој потег ја турка нуклеарно вооружената нација, со која војската управува речиси половина од нејзината историја, во целосна уставна криза, при што опозицискиот лидер Шехбаз Шариф го нарече блокирањето на гласањето „ништо помалку од велепредавство“.

„Нацијата е запрепастена“, се вели во уреднички коментар на локални весници.

„Дури и кога политичките експерти и медиумите самоуверено го предвидуваа поразот на Имран Кан при гласањето за недоверба, тој изгледаше невознемирен. Никој не можеше да претпостави дека неговиот последен трик ќе вклучува уништување на демократскиот поредок“ коментираат весниците.

Пакистанскиот претседател Ариф Алви, денеска на Твитер објави дека Кан ќе остане премиер.

Кан бара општи избори во рок од 90 дена, иако таа одлука официјално ја носат претседателот и изборната комисија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски