Пакистан одбележува 70 години независност

Од:

Со свечени церемонии и големо авионско шоу Пакистан денеска ја одбележува 70-годишнината од своето создавање, пренесоа американските медиуми.

Пакистан својата независност ја стекна во 1947 година, кога Британците ја напуштија Индија и го поделија субконтинентот, предизвикувајќи ја едната од најсериозните политички катаклизми во 20-ти век.

Празнувањата почнаа уште на полноќ со огномети во големите градови, а денеска топовските салви се огласија во престолнината Исламабад и главните градови на четирите провинции.

Началникот на Генералштабот на моќната пакистанска армија, Камар Џавед Баџва, го крена пакистанското знаме на столб висок над 100 метри, на контролниот пункт Вагах, на границата со Индија, поздравен од огромно мнозинство луѓе, кои скандираа патриотски пароли.

На церемонијата во Исламабад претседателот Мамнун Хусеин го крена националното знаме во присуство на премиерот Шахид Хакан Абаси и кинескиот вицепремиер Ван Јан, кој се наоѓа во посета на земјата.

По церемонијата се одржа големо воено авиошоу, на кое учествуваа турски и саудиски авиони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица