Најмалку 40 лица, главно припадници на пакистанската заедница хинду, починаа, а десетици се хоспитализирани, поради последици од труење со алкохолен пијалак кој е служен на еден фестивал, соопшти денеска пакистанската полиција, јавува Танјуг.
Масовното труење се случило на холистички фестивал на кој се прославува пристигнувањето на пролетта, потврди пакистанскиот полициски претставник Ирфан Балуч.
Смртта поради отровен алкохолен пијалак, од домашно производство, е чест случај во Пакистан, а неконтролираното производство на алкохол е последица на забраната за муслиманите да купуваат и конзумираат алкохол.
На малцинствата им е потребна посебна дозвола да купат алкохол и тоа во ограничени количини.