Пакистанската армија денеска изврши успешно тестирање на беспилотно летало, од домашно произведство, вооружено со ракета и ласерско управување, се наведува во соопштение на пакистанската армија.
Пакистан подолго време се стреми да произведе сопствен беспилотен авион како алтернатива на американските дронови, кои влегуваат во воздушниот простор на земјата, со цел да извршат удари на Ал Каеда, талибанци и други џихадистички борци долж северозападната граница со Авганистан.
Началникот на Генералштабот на армијата, во порака на Твитер, го поздрави успешното тестирање како голем национален успех, како и дека новиот дрон ги зголемува можностите за борба против тероризмот.