Врховниот суд во пакистанскиот главен град Ислабамад забрани празникот Свети Валентин да се чествува во оваа азиска земја.
Како што јави ТАСС, одлуката е донесена по разгледувањето на барање на граѓанин, во кое тој наведува дека Денот на вљубените е „во спротивност со исламското учење и поради тоа треба да биде веднаш забранет”.
Судот забранува какви било јавни случувања поврзани со празникот. На медиумите им е наложено да запрат со прилози и со рекламни кампањи за такви настани.
Минатата година и пакистанскиот претседател Мамнун Хусеин ги повика Пакистанците да не го празнуваат Свети Валентин, за „да се придржуваат кон својот национален и религиозен идентитет”.