Пакистан го поништи целосно мораториумот врз смртната казна, што беше во сила од 2008 година, соопштија пакистански претставници.
По крвавиот напад во декември на талибанци врз училиште во Пешавар, во кој загинаа 153 лица, во најголем дел ученици, пакистанските власти го повлекоа делумно мораториумот, дозволувајќи само егзекуции на лица осудени на смрт за тероризам.
Сега се дозволуваат егзекуции на сите лица осудени на смрт.