Во Пакистан денеска беа егзекутирани со бесење две лица осудени на смрт за тероризам, со што се стави крај на мораториумот од 2008 година за смртни казни на цивили, јавија локалните власти.
Исламабад објави прекин на мораториумот по талибанскиот напад во вторникот врз училиште во Пешавар во кој загинаа 149 лица.
Егзекуциите се извршени во градот Фасалабад, во централен Пакистан.