Пакистан е во жалост поради жртвите од нападот во Лахор

Од:

Пакистан е во жалост поради нападот на талибанците во центарот на пакистанскиот град Лахор.

Според последните информации при нападот загинале 15 лица. Меѓу жртвите има и шест полицајци, а 87 лица се повредени.

Нападот беше извршен на централната патна артерија во Лахор за време на густ сообраќај и одржувањето на протестите на вработените од фармацевтскиот и хемискиот сектор.

За нападот одговорноста ја презеде групата на пакистански талибанци Џамат ул Ахрар.

Нападот беше извршен три денови откако во видео-запис групата се закани дека ќе нападне владини цели во целата земја.

Нападот ги покажа тешкотиите на Пакистан да се справи со многубројните вооружени групи, кои се уште се способни да извршуваат напади и покрај воените офанзиви врз нив.

Ден по нападот во Лахор локалните жители не го прикриваат гневот кон Владата и ги повикуваат властите да им гарантираат безбедност.

Тие наведуваат дека напаѓачите немаат ништо заедничко со исламот, и единствено што знаат е да убиваат невини луѓе.

Пакистан оддели 11 милијарди долари за борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица