Во Пакистан минатата година егзекутирани се 324 луѓе со бесење, со што земјата е на трето место во светот по бројот на извршени смртни пресуди, се наведува во извештајот на група организации за заштита на човековите права.
Пакистан кон крајот на 2014 година го укина мораториумот за извршување смртни пресуди како мерка против екстремизмот, откако талибанците нападнаа училиште и убија 134 ученици и 19 возрасни лица.
Според организациите, од вкупно 351 егзекуции, само 39 или околу 10 проценти, биле осудени за дела поврзани со екстремизмот или со терористички напади.
– Пакистан е трета држава по бројот на извршени смртни пресуди во 2015 година по Кина и Иран. Тие што се обесени, најчесто се сиромашни луѓе. Тешко е да се каже дека бесењето на такви луѓе ќе донесе поголема безбедност на Пакистан – посочи Фоа.