Пакистанскиот Врховен суд донесе одлука дека поранешниот премиер Наваз Шариф нема право до крајот на животот да се занимава со политика.
Судот образложи дека според Устав, некој што е отстранет од функцијата од највисокиот суд нема право да извршува јавна функција.
Шариф беше отстранет од власт во јули минатата година по обвинение за корупција, по скандалот со „Панамски документи“. Оттогаш во земјата постоеше поделено мислење за тоа дали Шариф има право повторно да се кандидира за политичка функција.
Министерката за информации Мариам Аурангзеб, од партијата на Шариф, ја опиша пресудата како „смешна“.